Италија ќе го смени специјалистот за изведување на пенали

Италија во последното коло на гости кај Северна Ирска ќе се обиде да го обезбеди местото на завршницата на Светското првенство уште по завршување на групната фаза од квалификациите.

Аѕурите пропуштија шанса на домашен терен против Швајцарија да бидат веќе со виза за Катар, откако Жоргињо промаши пенал во 90 минута. Жиргињо важи за специјалист за изведување на пенали и тој е главен и во Челзи за шутеви од 11 метри.

Сепак, во националниот дрес, на Жоргињо ова му беше трет промашен пенал во серија и тоа веќе го поставува прашањето дали треба селекторот Роберто Манчини да најде нов изведувач од белата точка.

https://twitter.com/i/status/1459506339500199943

„Ќе зборувам со Жоргињо, но најверојатно ќе го промениме шутерот од пенал. Сепак, тој останува наш важен играч во тимот“, рече Манчини.

Најавите се дека следниот изведувач на пенал во италијанската репрезентација треба да се бара меѓу Леонардо Бонучи, Доменико Берарди, Федерико Кијеза и Лоренцо Инсиње.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести