Лучано Спалети ќе биде новиот селектор на репрезентацијата на Италија. Според италијанските медиуми, веќе се договориени личните услови помеѓу тренерот кој му ја донесе титулата на Наполи и претседателот на Фудбалскиот сојуз на Италија, Габриеле Гравини.
Презентацијата на новиот селектор треба да се одржи утре, а првата официјална прес-конференција веќе в понедленик, но само доколку Фудбалскиот сојуз му исплати на Наполи три милиони евра. Спалети сè уште е под договор со Наполи и не може да има нов тренерски ангажман, освен доколку не бидат исплатени побарувањата на Аурелио де Лаурентис.
Сето ова би значело дека Италија со поранешниот тренер на Елиф Елмас на клупата ќе ѝ се спротивстави на Македонија на квалификацискиот меч за Европското првенство во Скопје на 9 септември.