Италијанската Серија А имаше три тима во четвртфиналето на Лигата на шампионите, има два полуфиналисти, ќе има еден финалист, а и тројца од четворицата тренери кои останаа во битка за најважниот трофеј во клупскиот фудбал се Италијанци.
Италија по шест години, пак ќе има финалист во ЛШ, а за Милано завршува чекањето од повеќе од една деценија за да има финалист. Единствен тренер во полуфиналето кој не е Италијанец е Пеп Гвардиола, Шпанецот кој во играчката кариера има настапувано за Рома и Бреша.
Клубовите од Италија вечерва може да донесат дополнително задоволство на Апенинскиот Полуостров. Јувентус и Рома се борат за место во полуфиналето во Лигата на Европа, а Фиорентина може до полуфинале во Конференциската лига.