Италија може да оди на Европско првенство дури и ако загуби од Македонија во ноември

Поразот од Англија го забави патот на Италијанците кон Европското првенство кое ќе се игра следната година, но актуелните европски прваци уште зависат сами од себе и не мора да чекаат кикс на некој друг, во случајов Украина.

На Италијанците им треба само победа над Украина на гости во Леверкузен за да се пласираат на ЕП. Дури и да загубат од Македонија, пак ќе им биде доволна само победата над Украина за да патуваат на ЕП во Германија.

Ако Италија на 17 ноември во Рим ја победи Македонија, тогаш три дена подоцна против Украина и нерешено ќе им биде доволно на избраниците на Лучано Спалети за да играат на ЕП.

Доколку Италија загуби од Украина, и тоа нема да биде крај за нив, туку ќе мора да играат баражи за место на СП бидејќи беа најдобри во својата група во Лигата на нации.

Ако денеска завршеа квалификациите, паровите за баражите ќе бидат Хрватска – Естонија и Италија – Полска, па теоретски можно е финале Хрватска – Италија и една од овие селекции би го пропуштила Европското првенство.

- Оглас -

Најнови вести