Италија предводена од фантастичниот Синер го освои Дејвис куп трофејот

Тениската репрезентација на Италија е освојувач на Дејвис куп трофејот, откако во финалето без многу проблеми ја совлада Австралија со 2:0 во победи. За Италија ова е втора титула во Дејвис купот, повторувајќи го успехот од далечната 1976 година.

https://twitter.com/i/status/1728865037266407575

Јанис Синер е вистински јунак на Аѕурите. Најдобриот италијански тенисер победи на сите мечеви кои ги одигра во завршниот Куп, а во денешното финалето речиси и да немаше достоен ривал во Алекс Де Минор против кого славеше со 6:3, 6:0.

Во првиот меч, Италија победи откако Матео Арналди по голема борба со 2:1 во сетови беше подобар од Алексеј Попирин со 7:5, 2:6, 6:4.

https://twitter.com/i/status/1728860936335966344

- Оглас -

Најнови вести