Италија планира на крајот од мај да ја продолжи сезоната која беше стопирана поради пандемијата со Коронавирусот. Земјата која прва ја започна борбата со опасниот вирус, претрпе многу човечки загуби, а како една од главните причини за наглото ширење на болеста беше посочен и фудбалскиот меч меѓу Аталанта и Валенсија во рамките од Лигата на шампиони.
За да нема уште една кобна грешка, Владата на Италија е многу претпазлива. Засега одлуката е да нема никакви активности до 3 мај, а се очекува од следниот ден да започнат тренизните на екипите. Продолжувањето на првенството треба да биде на крајот од следниот месец, а првенството да заврши до средината на јули.
Највите од Италија се дека публика на средбите до крајот на сезоната дефинитивно нема да има, но се очекува забраната за гледачите на трибините да трае до крајот на 2020 година. На тој начин треба да се сопре ново нагло ширење на вирусот.