Италија во следната сезона може да има дури 10 тима во европските купови

Пласманот на Аталанта и Фиорентина во финалињата на европските купови го разгорува сонот на Италија дека може да има дури десет клубови во европските натпреварувања следната сезона.

За да се оствари тоа, ќе бидат потребни два основни услова: Аталанта и Фиорентина ќе мора да ги освојат Лигата на Европа, односно Конференциската лига, а притоа тимот од Бергамо да заврши на шестото место во Серија А, додека Виолетовите на десеттото.

Оваа комбинација ќе ѝ овозможи на Аталанта да се квалификува во Лигата на шампионите, гарантирајќи му и на шестопласираниот тим да добие учество во најсилното клупско натпреварување. Со победа во Конференциската лига, Фиорентина автоматски ќе пристапи во Лигата на Европа, а нивното десетто место на табелата во Серија А ќе му даде шанса на деветтопласираниот да се квалификува за Конференциската.

Доколку се исполнат сите услови, Серија А ќе има 6 екипи во Лигата на шампионите (најдобрите четири, плус Аталанта како победник на Лигата на Европа и шестиот на табелата), три екипи во Лигата на Европа (седмиот и осмиот од Серија А, плус Фиорентина како победник на Конференциската лига) и еден тим во конференциската лига (деветтиот во Серија А).

Нема да биде лесно, но шансата постои и Италијанците имаат право да сонуваат на остварување на ова сценарио.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести