Италија вторпат по ред завршува како трета во Лигата на нации (Видео)

Селекцијата на Италија со победата над Холандија го освои третото место на третото издание од завршниот турнир во Лигата на нации.

Аѕурите во мечот за бронзата беа подобри од домаќинот со 3:2 и вторпат по ред завршуваат како третопласирани на завршниот турнир. Во минатото издание кое се одржа токму  во Италија, Аѕурите во мечот за бронзата ја совладаа Белгија со 2:1.

Денеска Аѕурите одлично го започнаа натпреварот, го отворија резултатот уште во шестата минута преку Федерико Димарко.

Само 14 минути подоцна, Фратези го удвои водството на Аѕурите кои на одмор заминаа со предност од два гола. Голот на Фратези може да го погледнете ТУКА.

Во вториот дел, Лалињата се обидоа да се вратат во игра, беа многу подобар тим на теренот, и Стивен Бергвајн во 68-та минута ги израдува домашните навивачи. Голот на Бергвајн може да го видите на следниот ЛИНК.

Но, само пет минути подоцна, Италија благодарение на Федерико Киеза ја врати предноста од два гола. Третиот гол на Италија може да го видите ТУКА.

Во последната минута, Холандија постигна уште еден гол, преку Џорџино Вајналдум, но немаше време за целосно да се вратат во игра.

 

- Оглас -

Најнови вести