Италијанска ИМПЕРИЈА – Јувентус го освои 36-тото Скудето (Видео)

Јувентус потврди дека е неприкосновен во Италија и ја продолжи апсолутната доминација со деветтата титула по ред и  вкупно 36-тата по победата од 3:0 против Сампдорија.

Кристијано Роналдо во последен миг од долгото продолжение од шест минути во првото полувреме го проби мразот со 31 гол во Серија А.

https://twitter.com/TeamCRonaldoHD/status/1287488287746207744?s=20

Потоа погоди и Федерико Бернардески со првиот гол за него во ова првенство, за печат на триумфот што му го донесе 36-тото Скудето на Јувентус.

Сенка на титулата фрлија повредите на бекот Данило и на моторот на екипата Пауло Дибала, кои беа заменети во првото полувреме.

Данило беше заменет во 29-тата минута, а на негово место влезе Бернардески, додека Дибала го истегна бутниот мускул и во 40-тата минута самиот побара замена, па на негово место во игра влезе Гонзало Игуаин.

Во финишот на мечот Роналдо утна пенал и шанса за 32-риот гол, со што ќе му се доближеше на Чиро Имобиле само на два гола во битката за најдобар стрелец во Серија А.

Јувентус сега има вкупно 36 титули, што е асполутен рекорд во Италија и двојно повеќе од Милан и Интер, кои имаат по 18 Скудета, на делба на второто место на најуспешните фудбалски екипи на Чизмата.

Старата дама на две кола до крајот на сезоната во Серија А има 83 бода, 7 повеќе од Интер и по 8 од Лацио и од Аталанта, што е недостижна предност во трката за титулата.

 

 

- Оглас -

Најнови вести