Јувентус се подготви да ја слави титулата, ама го загуби Дибала

Пауло Дибала беше заменет во 40-тата минута поради повреда на мускулот на левата нога и веднаш бараше да биде повлечен од игра, што му носи големи грижи на Јувентус пред реванш-дуелот со Лион во осминафиналето во Лигата на шампионите.

До тој меч има малку помалку од две седмици, а рано е за прогнози колку е тешка повредата на еден од клучните играчи на Јувентус.

Претходно од игра беше повлечен и бекот Данило, исто така поради повреда. Јувентус води со 2:0 против Сампдорија на 20 минути до крајот на мечот и ако успее да победи, по деветти пат по ред ќе биде шампион на Италија.

Сепак, поважен за Старата дама е атакот на титулата во Лигата на шампионите, која ќе продолжи со реванш-мечот против Лион на 7 август.

Првиот меч го доби францускиот клуб со 1:0 на домашен терен. Мисијата на Јувентус ќе биде тешка, особено ако Дибала не може да игра бидејќи ако го елиминираат Лион, ќе треба да играат четвртфинален нокаут-меч со подобриот од осминафиналето меѓу Манчестер сити и Реал Мадрид. Успех и пласман во полуфиналето им носи меч против победникот од нокаут-дуелот меѓу Барселона и Баерн или Челзи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести