36.8 C
Skopje
понеделник, 7 јули 2025

Италијанската репрезентација доби нов грб, создаден со емоции (Фото)

Некогашниот четирикратен светски фудбалски првак Италија има нов грб, кој ќе стои на дресовите. Слоганот на новиот грб гласи: „Создаден со емоции“, а челниците на Федерацијата веруваат дека нивниот национален тим ќе има многу успеси во иднина.

„Подготвени сме за иднината. Денеска го преставуваме новиот грб, новиот идентитет на нашата репрезентација, кои се направени за да предизвикаат емоции кај нашите навивачи. Тие емоции ни помогнаа да го создадеме новиот симбол кој ќе стои на нашите дресови“, вели претседателот на италијанската Федерација, Габриеле Гравина.

Промоцијата на новиот грб, Италија ќе го има на дуелот против Англија на 23 март, во првото коло од квалификациите за Европското првенство 2024 година. Во група со Италија и Англија е и Македонија, која на 9 септември ќе ја пречека Италија во Скопје, а на гостинскит терен против Аѕурите ќе имаме на 17 ноември.

- Оглас -

Најнови вести