Италијанската Серија А ја забранува употребата на дресови со бројот 88

Дресовите со број 88 ќе бидат забранети во италијанскиот спорт, најави министерот за внатрешни работи на Италија, Матео Пјантедози.

Овој број се поврзува со Адолф Хитлер и антисемитизам бидејќи осма буква во латиницата е Х, па 88 или ХХ е нацистичка шифра за извикот Хајл Хитлер, кој неонацистите уште го користат.

Минатата сезона во фудбалската Серија А само двајца играчи имаа дресови со бројот 88, а интересно е дека двајцата се Хрвати: Марио Пашалиќ од Аталанта и Тома Башиќ од Лацио.

Бројот 88 во два наврати во минатото го носеше и голманот Џанлуиџи Буфон и често беше критикуван за тоа.

- Оглас -

Најнови вести