Вечерва во Евролигата, пекол ги чека Кралевите и Кнезовите

Реал Мадрид вечерва може да стане првиот тим кој ќе обезбеди пласман на фајнал-фор турнирот во кошаркарската Евролига, но задачата нема да му биде лесна, треба да победи на жешкото гостување во „Фернандо Буеса“ арената во Виторија против Басконија.

Реал води со 2-0 во ова четвртфинале, ги доби последните две гостувања кај Басконија, но тоа не значи дека со сигурност Кралскиот клуб ќе победи и вечерва.

Фенербахче и Монако со резултат 1-1 влегуваат во третиот дуел, овојпат во Истанбул. На Фенер доволни му се победи дома вечерва и за два дена, за пласман на Ф4 во Берлин, но и Монако си има свои сметки.

Во Sport Life има богата понуда на кошаркари. За 24 играчи може да погодувате колку поени ќе постигнат, а на листата е и Гершон Јабуселе од Реал Мадрид, кој беше прв стрелец на Кралскиот клуб на последните две гостувања кај Басконија. За вечерва, границата кај него е поставена на 9.50 поени, а ако се повтори историјата, Французинот без проблем може да стигне до двоцифрена бројка.

Кај поентерската машина Маркус Хауард од Басконија, хендикеп границата е на 18,5 поени, а два поени помалку се бараат од Мајк Џејмс од Монако.

- Оглас -

Најнови вести