Италијанската Серија Б станува лига на некогашни светски шампиони

Фабио Канаваро кој во 2006 година беше капитен на италијанската репрезентација кога Аѕурите станаа светски прваци, од денеска е нов тренер на второлигашот Беневенто.

Канаваро кој досега работеше како тренер во Кина, стана петтиот играч или тренер кој е во Серија Б во моментов, а има освоено Мундијал.

Во втората италијанска лига се и други фудбалски величини како Филипо Инѕаги (Реџина), Фабио Гросо (Фрозиноне), Џанлуиџи Буфон (Парма) и Сеск Фабрегас (Комо).

- Оглас -

Најнови вести