Италијански тренер нападна свој фудбалер само затоа што доби црвен картон (Видео)

Голем скандал се случи на мечот од италијанската Серија Ц помеѓу Триестина и Џана Ерминио, кој го добија гостите со 0-1. Летонскиот интернационалец, Раимондс Кролис, во 34-тата минута доби директен црвен картон, па кога го напушташе терен беше физички нападнат од сопствениот тренер, Пеп Клокет.

Гостите ја искористија предноста на теренот и со гол во 87-мата минута дојдоа до победата. Триестина е последна на табелата, а единствената победа ја забележаа во првото коло во месец август.

- Оглас -

Најнови вести