6.8 C
Skopje
четврток, 19 февруари 2026

Италијанскиот фудбал пред колапс, може да нема ниеден тим од Серија А во осминафиналето на ЛШ

Една од најдобрите лиги во светот, италијанската Серија А се соочува со голем предизвик, и тоа во Лигата на шампионите. По првите средби во нокаут-фазата од елитното натпреварување на УЕФА, станува опасно и можно е за првпат во осминафиналето на ЛШ да нема ниту една италијанската екипа.

По завршувањето на групната фаза во ЛШ, Наполи беше очаен и не успеа да заврши ниту во најдобрите 24, па беше елиминиран. Екипите на Интер, Јувентус и Аталанта беа меѓу деветтото и 24-тото место и се најдоа во плејоф-дуелите.

Вчера и завчера се одиграа првите средби од нокаут-фазата, а италијанските екипи не се прославија. Сите три италијански преставници гостуваа и загубија. Најпрво Јувентус беше нокаутиран во Истанбул и со 5:2 загуби од Галатасарај. Потоа следуваше и пораз на Аталанта на гости во Дортмунд од Борусија со 2:0.

Интер важеше за голем фаворит против дебитантот Бодо/Глимт, но Нераѕурите „смрзнаа“ на синоќешното гостување. Иако италијанскиот тим водеше со 1:0, Бодо/Глимт успеа не само да се врати резултатски, туку на крајот и да победи со 3:1.

За разлика од италијанските екипи, кои беа очајни, германските клубови имаа одличен настап. Баерн Минхен веќе е во осминафиналето, а на чекор до таа фаза се уште две екипи. Борусија Дортмунд има 2:0 против Аталанта во пресрет на реваншот во Бергамо, а Баер Леверкузен со 2:0 славеше во Атина против Олимпијакос.

Со овие резултати, Бундеслигата се искачи на второто место на УЕФА листата и е веднаш зад англиската Премиер лига. Според бодувањата, двете најдобри лиги ќе добијат уште по едно место во ЛШ за следната сезона.

- Оглас -

Најнови вести