Селото Фелчут во кое е роден унгарскиот премиер Виктор Орбан може да биде местото на одигрување на следниот Суперкуп на Италија, во кој треба силите да си ги одмерат градските ривали Милан и Интер.
Орбан е спремен да им плати на Италијанците дури 8 милиони евра за Суперкупот да се игра во неговото село на 35 километри од Будимпешта. Стадионот во селото „Панчо арена“ е модерен и има 3.815 седишта, а на него како домаќин игра клубот Пушкаш академија.
Саудиска Арабија останува фаворит како држава во која ќе се игра италијанскиот Суперкуп, а и првиот човек на Серија А е против унгарскиот предлог, но којзнае.