Италијанските гиганти со барање: Бројот на екипи во Серија А мора да се намали!

Три екипи кои важат за најголеми и најтрофејни во италијанскиот фудбал, Интер, Милан и Јувентус, бараат итно намалување на бројот на екипи во Серија А, се со цел да се намали бројот на натпревари. Ваквото барање е поткрепено и со зголемувањето на квалитетот на лигата.

Тие деновиве се на интензивни преговори со раководството на Фудбалскиот сојуз на Италија, кое го разгледува нивното барање за намалување на Серија А  на 18 екипи, од сегашниве 20.

Последен пат со 18 екипи во Италија се играше пред точно 20 години, односно во сезоната 2003/04. Доколку нивното барање биде прифатено, тогаш ќе се играат 34 првенствени кола, а не 38 како сега.

Секако на ваквата иницијатива се противат екипите од долниот дел на табелата и доколку биде побарано мислење од сите екипи или пак да гласаат за ваквиот предлог, сигурно дека нема да биде прифатен.

- Оглас -

Најнови вести