Италијанските медиуми масовно им честитаат на Пандев и Елмас (Фото)

„Еуро Пандев! Горан даде гол и ја предводеше својата земја до Еуро 2020“ – објавија од Џенова, клубот чиј дрес го носи македонската фудбалска легенда.

Пандев речиси две децении игра во Италија, секаде е ценет и сакан, па затоа и не чудат бројните пофалби и честитки по медиумите.

Некои влијателни медиуми како „Газета дело спорт“ и „Кориере“ потсетуваат дека освен Пандев, има и други играчи кои настапуваат во Италија, а кои го слават првиот пласман на ЕП за Македонија.

- Оглас -

Најнови вести