25.8 C
Skopje
понеделник, 22 септември 2025

Италијанците нема да го бојкотираат мечот со Израел, така пак би испуштиле Мундијал

Претседателот на Фудбалската федерација на Италија, Габриеле Гравина, ја отфрли можноста за бојкотирање на мечот со Израел од квалификациите за СП 2026 бидејќи така би му направиле услуга на Израел.

Осудите кон Израел за блокдата на Газа се засилуваат, Советот за чоовекови права на Обединетите нации го обвинуваат Израел за геноцид, а има и притисок врз ФИФА и УЕФА да го суспендираат Израел.

Аѕурите треба да го пречекаат Израел на 14 октомври во Удине. Во моментов двата тима имаат по 9 бода и заостануваат зад Норвешка.

„Би била катастрофална грешка да се мисли дека треба да го бојкотираме мечот со Израел. Така би имале службен пораз и пак ќе го пропуштиме Светското првенство, а Израел би имал полза, тоа веројатно ќе им донесе подобри шанси во баражите“, рече Гравина.

- Оглас -

Најнови вести