Италијанските провлигаши одбиваат да се вратат на тренинзите во своите спортски комплеки бидејќи пандемијата со коронавирусот е во полн ек, особено во Италија. Откако целата земја е ставена во изолација, речиси ништо не функционира освен здравствените центри и останати органи.
Токму затоа од клубовите сметаат дека е ризично да се одржуваат тимски тренинзи, особено што дел од клубовите се во карантин откако се појавија нови заразени случаи во Сампдорија и Фиорентина. Членовите на Јувентус се во домашна изолација, а таму се крена паника по тестирањето на Даниеле Ругани, кој е позитивен на Ковид-19.
Наполи со тренинзи според планот треба да започне во среда, но веројатно ќе се смени одлуката, исто како и во Аталанта која за утре има закажано тренинг. Дел од клубовите уште се немаат изјаснето каков е нивниот план за тренинг.