Италијанците останаа со празни раце, ги загубија сите три европски финалиња

Манчестер сити за првпат во клупската историја стана европски шампион откако во финалето кое се играше на Олимпискиот стадион „Ататурк“ во Истанбул со 1:0 го совлада Интер и ги остави Италијанците со празни раце.

Сезонава во сите три европски натпреварувања, во финалните натпревари имаше италијанска екипа, но пехарот го креваа противниците, две англиски и една шпанска екипа.

Интер по 13 години пауза, повторно играше европско финале, но голот на Родри во 68-та минута му ја донесе првата титула на Сити во ЛШ.

Во средата, Фиорентина играше во финалето во Лигата на конференции, но подобар од Виолетовите, беше друг англиски тим, Вест Хем. Чеканите славеа со 2:1 и тоа благодарение на голот на Боувен во 90-та минута.

Во првото европско финале сезонава кое се играше на 31 мај, Севиља ја победи Рома и тоа по подобро изведување на пенали со 4:1 откако по регуларниот дел и продолженијата беше 1:1.

- Оглас -

Најнови вести