Италијанците се жалат: „Бетон и железо, загаден град – Босанците ќе прават притисок“

Стадионот „Билино поле“ во Зеница ќе биде домаќин на мечот помеѓу Босна и Херцеговина и Италија, дуел кој ќе одлучува за патникот на Светското првенство во САД, Канада и Мексико.

Сепак, Италијанците не се задоволни од условите во кои ќе играат, но и од изборот на градот домаќин.

„Станува збор за стар објект, со ’рѓосани огради, бетонски скали изедени од времето и употребата, и трибини (правоаголни, во англиски стил) кои завршуваат буквално до самиот терен. Токму тоа – притисокот и атмосферата – е едно од оружјата што Босна ќе се обиде да ги искористи. Стадионот се наоѓа меѓу ридовите богати со јаглен кои го опкружуваат Зеница (град со високо ниво на загадување, со бројни индустрии и челичарници), опкружен со згради и бетон. Условите не се идеални.“ – пишува италијански „Кориере дело спорт“, а во прилог објавија и видео од условите на стадионот во Зеница.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести