Италијанците се жалат: Сезонава Кејн сам има дадено повеќе голови од сите наши напаѓачи заедно

Англиската ѕвезда Хари Кејн сезонава во дресот на Баерн Минхен има постигнато 37 гола, а тоа е повеќе од сите италијански напаѓачи кои ги има во репрезентацијата селекторот на Аѕурите, Лучано Спалети, се жалат италијански медиуми.

Ефикасноста е главен проблем на тимот на Спалети, барем според формата на голгетерите кои тој ги има на располагање, па ако се споредат Кејн и Италијанците, бројките се поразителни за Италија.

Лоренцо Лука, Џанлука Скамака, Чиро Имобиле, Матео Ретеги и Џакомо Распадори заедно имаат 29 гола, осум помалку од Кејн самиот. А, Скамака и Имобиле не се ни повикани за мартовските дуели со Венецуела и Еквадор.

Кејн има повеќе голови и од сите италијански крила заедно. Кјеза, Грифо, Орсолини, Ѕакањи и Ѕаниоло заедно имаат 33 гола сезонава.

Во Серија А најефикасен Италијанец сезонава е Андреа Пинамонти од Сасуоло со 9 гола, но тој не е на списокот на Спалети.

- Оглас -

Најнови вести