Италијанците соблекувалната ја претвориле во депонија по поразот од Македонија (Видео)

Од еуфорично славје за европската титула пред неколку месеци, до дебакл и неодење на Мундијалот во Катар е нешто што италијанската фудбалска репрезентација сигурно не го очекуваше.

Македонија е главен виновник за тоа што четирикратниот светски првак нема да биде дел од планетарниот собир, откако на дуелот во Палермо, нашите фудбалери со 1:0 го победија големиот ривал.

Аѕурите во неверување гледаа во резултат и со наведнати глави си заминаа од теренот, а во соблекувалната на домашната селекција сигурно било многу лошо. Фудбалерите очигледно не внимавале многу каде што фрлаат во соблекувалната, па по нивното заминување таа изгледала како мини депонија.

- Оглас -

Најнови вести