Италијанците веќе освоија една титула на ЕП, помогна и Пандев, а Македонија ја нема на мапата

Фудбалерите што играат во италијанската Серија А дадоа најмногу голови вкупно на Европското првенство и се недостижни за останатите играчи од лигите во Европа.

Вкупно за сите репрезентации што играа на шампионатот на Стариот континент, играчите од Серија А постигнаа 36 погодоци. За првото место помогна и Горан Пандев со голот за Македонија  против Австрија, прв за нас на големите натпреварувања.

Кристијано Роналдо, кој засега е најдобар стрелец на турнирот со пет гола ја предводи интернационалната армија на стрелци од Калчото, со најмногу голови на ЕП.

Зад Серија А со 29 гола се стрелците од англиската Премиерлига, а одличен учинок имаа и бундеслигашите од Германија со 28 погодоци. Далеку зад триото најефикасни е шпанската Ла Лига со 11 голови.

Македонија ја нема на мапата, а на првенството минутажа имаше само Егзон Бејтулаи, дефанзивецот на актуелниот првак Шкендија.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести