Ива Пројковска ќе суди на Копа Америка

Најдобрата македонска фудбалска судијка и една од најдобрите во Европа, Ива Пројковска доби уште едно големо признание. ВО соработка меѓу УЕФА и КОНМЕБОЛ, преку програмата за размена на судии, Пројковска ја доби честа да биде преставник од Европа на претстојното Копа Америка првенство за жени во Јужна Америка.

Овој највреден турнир во Јужна Америка ќе биде од 12 јули до 2 август во Еквадор, а Пројковска ќе биде главна судијка.

Довербата токму македонската судијка да замине на Копа Америка е сосема оправдана ако се знае дека таа имаше одлична сезона, како на домашна така и на меѓународна сцена. Сезонава одлично ја делеше правдата во машката македонска Прва лига, а на меѓународна сцена дури беше дел и од финалето во Лига на шампиони за жени меѓу Арсенал и Барселона. Во ЛШ беше главна судијка на неколку средби.

Ова е комплетната листа на судии за Копа Америка за жени кое ќе се игра летово.

- Оглас -

Најнови вести