26.8 C
Skopje
понеделник, 28 јули 2025

Ивана Пројковска ќе го суди полуфиналето на Копа Америка

Македонската фудбалска судијка Ивана Пројковска доби голема чест од КОНМЕБОЛ. Таа е назначена да го води полуфиналето на Копа Америка меѓу Аргентина и Колумбија, кое ќе се игра денес во 19 часот во Квинто.

Пројковска ќе биде главен арбитер на натпреварот, а нејзини асистентки ќе бидат Џулија Темпестили и Ирагарце Фернандес Есесумага.

Назначувањето е дел од соработката меѓу УЕФА и КОНМЕБОЛ за размена на судии. Таа програма овозможи и бразилската арбитерка Едина Алвес Батиста да дели правда на едно од полуфиналните дуели на неодамна завршеното Европско првенство.

- Оглас -

Најнови вести