Стојанче Стоилов, кој како капитен на ракометниот клуб Вардар освои титула во Лигата на шампионите, вечерва е избран за најдобар македонски спортист во 2019 година во традиционалниот избор кој го организираат Агенцијата за млади и спорт и Сојузот на спортски федерации. Каратистката Пуликсенија Јованоска е прогласена за најдобра спортистка.
Тим на годината во машка конкуренција е одбојкарската репрезентација, а женски тим на годината се ракометарките. Во категоријата тренер-селектор признанието му припадна на Сашко Арсовски, кој е предводник на најдобрите каратисти.
Одбојкарот Никола Ѓорѓиев доби награда за посебни достигнувања во спортот. Најдобра национална спортска федерација е Ракометната федерација. Најуспешен спортист за лица со попреченост е стрелачката Оливера Наковска-Бикова.