Францускиот центар Виктор Вембанјама очекувано беше избран за прв пик на НБА-драфтот 2023 година. Екипата на Сан Антонио имаше шанса прва да одбере и се реши за високиот кошаркар кој многумина очекуваат да биде новиот Дејвид Робинсон и Тим Данкан кај Спарси.
Шарлот, кој бираше втор, се реши за Брандон Милер од универзитетот Алабама, кој игра на крилната позиција. Одличен избор доби и Портланд, кој се реши за Скот Хендерсон, играч за којшто се проценуваше дека во некои претходни години да бил дел од драфтот, сигурно би бил и прв избор, а вака сега падна на третото место во изборот.
Близнаците Амен и Аусар Томпсон се избрани како четврти и петти пик. Едниот ќе игра за Хјустон, а другиот во тимот на Детроит. Орландо како шести пик го доби Ентони Блек, а Билал Кулибали, кој беше седми пик, ќе го носи дресот на Вашингтон.
The 2023 #NBADraft presented by State Farm is complete! pic.twitter.com/2js7HXZE71
— NBA (@NBA) June 23, 2023
Втора ринда на драфтот
Take a look at the complete draft board for the 2nd round of the 2023 #NBADraft presented by State Farm!
Visit the Draft Hub for more news and info: https://t.co/lgf4TJAqdn pic.twitter.com/VNrVFCxMRD
— NBA (@NBA) June 23, 2023