„Избрканите“ од снегот во Битола, ремизираа на ветрот во Охрид

Пелистер и Ренова со нерешените 1-1 попладнево во Охрид го комплетираа колото во Првата македонска фудбалска лига.

Овој меч требаше да се игра вчера во Битола, но поради снегот кој го затрупа теренот на стадионот во овој град, средбата беше одложена за денеска и пелистерци мораа да најдат решение. Во Охрид нема снег, беше сончево, но дуваше прилично силен ветер.

Пелистер, кој нема победа сезонава, поведе со гол на Здравевски во 15-тата минута, изедначи Таипи во 45-тата. Ренова се обидуваше да даде и втор гол, повеќе напаѓаше, но не успеа да триумфира.

По 21-вото коло, Гипсарите се петти на табелата, а Пелистер е последен само со 6 бода.

- Оглас -

Најнови вести