Изгледа му заврши времето во Париз: Тухел го загуби авторитетот кај играчите (видео)

ПСЖ по три кола во групите од ЛШ е во незавидна ситуација по вториот претрпен пораз. Репризата од ланското полуфинале овојпат му припадна на Лајпциг со 2-1, па сега на тренерот Томас Тухел му се предвидува отказ.

Германскиот стратег постепено ја губи и почитта од своите играчи, не може да наметне авторитет, а тоа не е добра вест за него. По крајот на мечот, Тухел тргна да се поздрави со фудбалерите, но кога дојде моментот да се поздрави со капитенот Маркињос, беше тотално игнориран.

Тухел упорно се обидуваше да му каже нешто на дефанзивецот, дури и го влечеше за раката, а овој помина ладнокрво покрај него и се поздрави само со помошниот тренер.

https://twitter.com/basikovic/status/1324110807052001285

- Оглас -

Најнови вести