Изгуби 5:0, па „лајкаше“ слика како се радува противникот

Милан незадржливо продолжува да тоне, а тоа се потврди и со вчерашниот убедлив пораз од 5:0 на гости кај Аталанта. Повеќе од 20 години Милан нема пораз од 5:0, а доколку Росонерите примеа уште еден гол, тоа ќе беше израмнување на нивниот најтежок лигашки пораз во историјата.

И покрај срамот кој го доживеаја, некои играчи на Милан очигледно не се многу загрижени. Френк Кеси без проблеми стисна дека му се допаѓа објавата на неговиот поранешен соиграч, Алехандро Гомес, кој постави фотографија како се радуваат играчите на Аталанта по големиот триумф над некогашниот гигант од „Сан Сиро“.

- Оглас -

Најнови вести