15.8 C
Skopje
понеделник, 29 септември 2025

Изјавата на Гвардиола за Родри ги загрижи и во Манчестер сити и во Шпанија

Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, откри зошто Родри не беше во составот на мечот со Барнли во саботата.

Минатогодишниот освојувач на Златната топка страда од болки на истото колено кое му беше оперирано и поради кое го пропушти поголемиот дел од минатата сезона.

„На последниот тренинг пред натпреварот, Родри ми рече: Коленото ме боли многу, не можам да играм. Му реков: Ако не можеш да играш, тогаш не играј. Ќе игра друг играч. Да, тоа е истото колено на кое лани имаше операција“, изјави Гвардиола.

Неизвесно е дали шпанскиот играч за врска ќе може да игра в среда на гости против Монако во Лигата на шампионите.

- Оглас -

Најнови вести