24.8 C
Skopje
сабота, 23 август 2025

Измамници заработиле 75.000 евра искористувајќи ја смртта на Диого Жота

Интернет страницата Фондација Диого Жота беше згасната веднаш откако стигнаа сомнежи дека позади неа стојат измамници кои сакаат да се збогатат од трагедијата која го потресе фудбалскиот свет.

Фудбалерот на Ливерпул Диого Жота и неговиот брат Андре Силва загинаа во сообраќајна несреќа на почетокот на јули. По трагедијата беа организирани голем број на хумани акции низ Португалија, Англија и останатите европски земји.

Сепак, постојат и такви кои едноставно сакаат да ја искористат трагедијата за да се збогатат. Интернет страницата „Фондација Диого Жота“ неколку дена била сомнителна, откако се појавија информации дека се работи за измамници.

Додека се чекаше информацијата да биде потврдена, на таа интернет страница биле собрани 75.000 евра, затоа што донаторите мислеле дека помагаа на семејството на Жота. Откако било потврдено дека се работи за лажна Фондација, страницата едноставно исчезна.

- Оглас -

Најнови вести