Голот кој го постигна Патрик Шик за водство на Чешка од 2-0 против Шкотска е постигнат со шут од далечина од 49,7 јарди, што е 45,4 метри. Тоа е нов рекорд на европските шампионати. Досега рекордот го држеше гол на Шпанецот Рафаел Гордиљо, кој во 1988 против Данска погоди од далечина од 34 метри.