Изненадувачки е кој клуб може да се пофали со најмногу свои играчи во финалето на СП

Дали Франција ќе ја продолжи доминацијата започната од пред четири години во Русија или Аргентина и по пауза од 36 години ќе се израдува на третиот највреден трофеј во фудбалот? В недела ќе го добиеме името на светскиот фудбалски првак, кој во следните четири години ќе биде на планетарниот трон.

Двете селекции имаат многу познати фудбалери во своите состави, кои имаат одиграно многу значајни мечеви и сигурно ќе знаат како да се снајдат со притисокот што го носи финалето. Од сите клубови во светот, Атлетико Мадрид може да се пофали дека има најмногу свои играчи во финалето, и тоа дури четворица.

Дресот на Јорганџиите го носат Анхел Кореа, Родриго де Пол и Нахуел Молина од Аргентина, како и Антоан Гризман од составот на Франција. По тројца играчи во финалето ќе имаат Баерн Минхен (Французите Упамекано, Павард и Ернандес од Аргентина), Јувентус (Ди Марија и Паредес од Аргентина и Рабиот од Франција), како и Севилја со Аргентинците Акуна, Монтиел и Гомез.

Во францускиот првак ПСЖ играат двете најголеми ѕвезди на Аргентина и Франција, а тоа се Лионел Меси и Килијан Мбапе.

- Оглас -

Најнови вести