Раководството на Баерн Минхен повлече изненадувачки потег откако одлучи да купи нов стадион за клупските потреби. Се работи за стадионот на нисколигашот Унтерхахинг, кој го носи името „Хашингер спорт парк“.
Планот е на овој стадион, кој има капацитет за 15.000 гледачи, своите натпревари да ги игра женската екипа на Баварците. Младите категории, како и девојките, досега настапуваа во тренинг-комплексот на Баерн, кој има трибини за 2.500 гледачи, но се чини дека тоа не ги задоволува стандардите, но и сè поголемиот интерес за женскиот фудбал.
Новиот стадион ќе ги задоволи сите стандарди на УЕФА за одигрување на натпревари од женската Лига на шампиони, а очекувањата се дека на тој стадион своите натпревари ќе ги играат и младинците, во младинската Лига на шампиони.

