Изненадувачките лидери во Бундеслигата и белгиското првенство пред големи предизвици

1701 Сент Етјен – Лил (20:45 ч.)

Некогашниот француски гигант, екипата на Сент Етјен, во новата сезона влезе очајно. Во три меча има исто толку порази и е единствена екипа која нема постигнато ниту еден гол. Од друга страна, Лил победи во првите две кола, и тоа без да прими гол, но во последниот меч немаше сили да му парира на ПСЖ и загуби со 1:3.

Кога играат Сент Етјен и Лил, традицијата вели дека нема многу погодоци и на пет од последните шест пресметки немало повеќе од два погодока.

Предлог тип: Х2&0-2 (2.30)

 

1801 Борусија Дортмунд – Хајденхајм (20:30 ч.)

Хајденхајм е најпријатното изненадување во Бундеслигата и е лидер по две кола со гол-разлика од шест дадени и ниту еден примен гол. Интересно е дека Хајденхајм, кој минатата сезона првпат влезе во елитното друштво, двапати одигра нерешено со Милионерите, што е само потврда дека нивниот сегашен старт не е случаен.

Борусија кога игра дома, секогаш е фаворит, двата тима сакаат да играат отворено и да се надигруваат и тука може да се очекуваат погодоци во двете полувремиња.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.77)

 

1301 Бетис – Леганес (21 ч.)

Бетис лошо влезе во новата сезона и по три кола тимот има дадено само еден гол и нема победа. Сега Леганес им е ривал како по мерка. Традицијата вели дека Бетис го победил овој ривал пред своите гледачи, и тоа на последните четири дуели.

Мотивот кај Бетис ќе биде на највисоко ниво, а репрезентативната пауза треба да им биде од корист на Андалузијците за да стигнат до првата радост во новата сезона.

Предлог тип: 1&2-4 (2.60)

 

1655 Дендер – Стандард Лиеж (20:45 ч.)

Дендер е тимот кој од втората лига обезбеди промоција во елитното друштво и таму е лидер на табелата. По шест одиграни кола, Дендер има 11 бода со гол-разлика од 12 дадени и осум примени погодоци, што е над три погодоци во просек.

За разлика од Дендер, Стандард игра очајно и по шест меча има само два дадени гола и три примени.

Предлог тип: ГГ3+ (2.35)

 

1536 Арука – Спортинг (21:15 ч.)

Спортинг моќно ја започна новата сезона и има перфектни четири победи од исто толку дуели со гол-разлика 16 дадени и само два примени гола. Арука е тим кој ги загуби 15 од последните 17 пресметки со португалскиот гигант, па ако игра пред своите навивачи, тешко е да се очекува да го сопре фаворитот.

Предлог тип: Т2 1+3I 1-3 II (1.84)

 

- Оглас -

Најнови вести