Лионел Меси заедно со своите спонзори ја започна втората сезона од кампањата „Меси+10“ во која ги претставуваат десетте млади фудбалери со најсвлетла иднина, а, изненадувачки, помеѓу нив ги нема Ламин Јамал од Барселона и сонародникот од Аргентина, Франко Мастантуоно од Реал Мадрид.
На првото место на листата е Нико Пас од Комо, следуваат Кендри Паес од Стразбур и Рио Нгумоа од Ливерпул.
Она што е интересно, помеѓу десетте фудбалери има и две дами, Клара Серажорди од Барселона и Лили Јоан од Лион.
Останатите петмина помеѓу најдобрите 10 на Лионел Меси се Брајан Груда (Брајтон), Мохамед Кадер Мејте (Рен), Мика Годс (Ајакс), Андреј Сантос (Челзи) и Родриго Мора (Порто).