Според француски „Л екип“, хрватскиот дефанзивец Дејан Ловрен наскоро ќе стане играч на Лион, клубот чии бои ги бранеше од 2010 до 2013 година, и имаше над 100 настапи во сите натпреварувања.
Ловрен веќе ги минал лекарските прегледи, па останува само потписот и официјализирање на трансферот. Договорот на Ловрен со Зенит му беше до јуни, но рускиот клуб се изјасни дека би го продал Хрватот во јануари, макар и за симболична сума.