Изненадување на Вимблдон: Ѓоковиќ против Ник Кирјос!

Новак Ѓоковиќ успешно ги помина првите две кола на Вимблдон, а следен предизвик ќе му биде Алексеј Попирин од Австралија. Дуелот е закажан за утре, а ова ќе биде нивна трета пресметка. Во претходните два меча Ѓоковиќ победуваше со 3:1 на Австралија опен оваа година и со 2:0 на турнирот во Токио пред пет години.

Како подготовка за овој меч, изненадувачки како спаринг партнер на тренингот на Ѓоковиќ се појави еден друг Австралијанец, Ник Кирјос. Заедничкиот тренинг на Ѓоковиќ и Кирјос всушност беше реприза на финалето од Вимблдон кога по голема борба Србинот стигна до трофејот.

„Ајде, гренд слем шампионе, удри јако“, му довикуваше Кирјос на Ѓоковиќ. Кирјос на овој Вимблдон е во улога на стручен аналитичар, а сега искористи можност да тренира заедно со Новак.

Интересно е дека Ѓоковиќ и Кирјос долго време беа во „војна“, но кога Ѓоковиќ беше „заробен“ во хотелот во Мелбурн за време на ковид пандемијата, еден од ретките во Австралија кој застана во одбрана на Новак беше токму Кирјос и од тогаш тие се пријатели.

- Оглас -

Најнови вести