Изненадување од Герет Бејл – Најпознатиот велшки змеј комплетно му кажа збогум на фудбалот

Герет Бејл изненадувачки се прости комплетно од фудбалот, откако по завршувањето на Мундијалот во Катар пред 20-на дена одлучи да не игра веќе за велшката репрезентација, а денеска објави дека ја завршува кариерата и на клупско ниво.

Моментно 33-годишниот играч на Лос Анџелес ФЦ неочекувано објави крај на кариерата, која беше одлична.

Со Реал Мадрид освои дури пет пехари во Лигата на шампионите, иако во дел од тие кампањи играше малку, или воопшто и не играше.

Има и три трофеи во Ла Лига, по еден во Копа Дел Реј и во Супер купот на Шпанија и по три во Супер куповите на УЕФА и на ФИФА.

Играше и за Саутемптон и за Тотенхем, а за Велс има 111 настапи со 41 постигнат гол.

 

 

- Оглас -

Најнови вести