Медисон Кис е изненадувачката победничка на женскиот дел од турнирот во Мелбурн, Отвореното првенство на Австралија. Тенисерката која е на 14 позиција на ВТА листата неочекувано, во финалето ја победи Арина Сабаленка со 2:1. во сетови.
За Кис, која за помалку од еден месец ќе го прослави 30-тиот роденден ова е прв гренд-слем трофеј и вкупно 10 пехар во кариерата. Досега најголем успех на Американката беше финалето на САД опен и тоа пред осум години.
Сабаленка влезе како голем фаворит во финалето и многумина очекуваа да го одбрани трофејот освоен минатата година, но го загуби првиот сет со 6:3. Потоа Сабаленка се врати во вториот сет, го доби со 6:2, за да во решавачкиот трет сет, поголема концентрација има Кис и го добие со 7:5 за потврда на историскиот успех за нејзе.