8469 Баерн – Партизан (20.30 часот)
Баерн има четири порази по ред во Евролигата и бара прекин на црната серија, а кошаркарите на Партизан ја бараат втората гостинска победа сезонава. Кај Баварците ќе го нема некогашниот играч на Партизан, Лучиќ, додека кај Црно-белите повреден е Пантер, па и двата тима ќе бидат хендикепирани. Во минатата сезона Партизан двапати го победи Баерн, а германскиот тим во септември доби еден пријателски меч со многу поени. Викендов и Баерн загуби во Бундеслигата и Партизан беше поразен во АБА лигата.
Предлог тип: 2 (1.92)
6730 Израел – Швајцарија (20.45 часот)
По поразот од Косово, шансите на Израел за пласман на ЕП се сведени на теорија, а за да остане во игра, мора да ја победи Швајцарија. Израелците ќе играат како домаќини на стадион во Унгарија. Интересно е дека двата тима имаат примено само по 8 гола во седумте кола, но Швајцарија нема пораз и има дадено дури 20 гола, што е речиси три по меч. Швајцарија на сите мечеви досега играше со 3+ голови, така беше и кога дома го победи Израел со 3-0.
Предлог тип: Х2 & 2-3 (2.30)
6053 Белгија – Србија (20.45 часот)
Ова е пријателски меч кој ќе се игра во Брисел. Белгија има серија од осум меча по ред на коишто дава барем еден гол, а Србите на последните шест средби, од кои пет официјални и една пријателска, секогаш и даваа и примаа гол. Последниот пораз на Црвените ѓаволи беше лани на СП во Катар. Белгија и Србија последен пат се сретнале пред десет години. Вчера во Брисел врнеше силен дожд, теренот не е во идеална состојба и тоа може да биде предуслов за меч со повеќе голови.
Предлог тип: ГГ (1.80)
6752 Реал Мадрид ж. – Челзи ж. (21.00 часот)
Денеска стартува групната фаза во Лигата на шампионите за жени, а според квотите за конечен тип, ова е најнеизвесен дуел. Реал играше и квалификации за влез во групите од ЛШ, додека Сините од Лондон во минатата сезона беа полуфиналистки и испаднаа од Барселона. Овие два тима беа во иста група и во минатата сезона, во Мадрид резултатот беше 1-1. Челзи нема загубено уште од април, па важи за благ фаворит.
Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.79)
7102 Медведев – Зверев (21.00 часот)
Данил Медведев и Александер Зверев победија во првото коло, па победникот од овој дуел веројатно и ќе обезбеди место во полуфиналето на завршниот Мастерс турнир во Торино, на којшто играат осумте најдобри тенисери на светот. Медведев на стартот го надигра Рубљов со 2-0, а рускиот Германец славеше над Алкарас со 2-1 во сетови. Годинава Медо и Зверев играа петпати меѓу себе, скорот е 4-1 за Медведев.
Предлог тип: 2:0 (2.08)