Ладнокрвно убиство на познат фудбалски работник ја потресе Боливија. Потпретседателот на клубот Блуминг, Нелсон Мауриел Алварес, беше смртно застрелан во центарот на градот Санта Крус во раните утрински часови.
Тој излегувал од својот автомобил, кога бил опколен од група мотоциклисти. Започнала рафална стрелба, а полицијата утврди дека Алварес бил убиен со седум фатални рани во телото.
Убијците веднаш го напуштиле местото на злосторот, но некои од нив паднале од моторите на помалку од еден километар од местото на убиството, па полицијата лесно ги уапсила. Во тек е испрашување за да се утврди кој сè е вмешан во ова и кои се причините за убиството.
Нелсон Мауриел Алварес бил човек обожуван од фановите на клубот. Тој помогнал ФК Блууминг да се спаси од пропаст, а потоа започна да гради и нов стадион. Неговиот бизнис бил поврзан со маркетинг, затоа во Боливија се чудат од каде навлекол на себе такви жестоки непријатели кои би посегнале по неговиот живот.