Црна Гора со играч помалку ја сруши Бугарија, Данска се врати на чело на табелата (Видео)

Репрезентацијата на Црна Гора во возбудлив финиш успеа да дојде до победа од 2-1 против Бугарија, иако од 69-тата минута играше со играч помалку.

Црна Гора поведе со 1-0 во судиското продолжение на првиот дел преку Стефан Савиќ. Во 69-тата минута Вујачиќ доби црвен картон, а Кирил Десподов не успеа да реализира пенал за израмнување.

Резултатот го израмни Преслав Боруков во 79-тата минута, а Стеван Јоветиќ во 96-тата минута донесе голема победа за Црна Гора од 2-1, со што барем за неколку часа ја носи неговата репрезентација на посакуваната втора позиција на табелата.

На репрезентацијата на Данска и беше доволен еден погодок за да ги освои трите бодови од гостувањрто кај Финска. Моментот на одлука се случи во 86-тата минута кога Пјер-Емил Хојбјрег со удар од дистанца успеа да ја затресе домашната мрежа.

Резултати:

Казахстан – Северна Ирска 1-0
Фарски острови – Молдавија 0-1
Финска – Данска 0-1
Црна Гора – Бугарија 2-1

- Оглас -

Најнови вести