Љоренте ја декласира Македонија со асистенции на ЕП во Полска, вечерва го потона европскиот првак (Видео)

Маркос Љоренте е јунакот на Атлетико Мадрид и со два гола го елиминира европскиот првак Ливерпул на „Енфилд роуд“.

Љоренте влезе во игра во 56-тата минута на реваншот вечерва против Ливерпул и постигна два гола во продолженијата во победата од  2:3, резултат што потполно му одговара на Атлетико.

https://twitter.com/ThatImoChild/status/1237862067673026561?s=20

Мадриѓаните ќе играат во четвртфиналето откако во регуларниот дел ги издржаа нападите на домаќините и со пораз од 1:0 се изборија за продолженија. Последниот гол го постигна Мората, по асистенцијата на Љоренте во 120-тата минута.

https://twitter.com/D9INE_ELITE/status/1237863734841729024?s=20

Вајналдум во регуларниот дел со гол му донесе победа од 1:0 на актуелниот европски првак, а потоа Роберто Фирмино со гол во четвртата минута од првото продолжение му донесе предност на Ливерпул од 2:0.

Блесокот на Љоренте, кој постигна два гола во првото продолжение и имаше асистенција, се случи само за 30 минути и тој е херојот што го одведе својот тим во четвртфиналето на ЛШ.

Маркос беше еден од најдобрите играчи на теренот во Гдиња на младинското ЕП во 2017 година, на дуелот меѓу Шпанија и Македонија.

Црвената фурија не победи со 5:0, а со две асистенции до Маркос Алонсо, Љоренте беше меѓу најдобрите на теренот.

- Оглас -

Најнови вести