Германското првенство засега е единствено од Топ 5 лигите кои стартуваше по принудната пауза од опасниот вирус, а покрај мечевите во Бундеслигата, во полн ек се и дуели од повеќе европски првенства кои делуваат како помалку атрактивни за обложување. Сепак, дека и на таква понуда може одлично да се заработи, потврди еден играч во Sport Life од Кочани.
На тикетот на кој има седум натпревари, само со 100 вложени денари, добивката е 198.227 денари. Според имињата на екипите, најпопуларен беше мечот меѓу Заглембје Лубин и Корона Кјељце. Домаќините ја имаа фаворитската улога, но Корона поведе со 1:0 на полувреме, а Заглебје израмни пред крајот на мечот за погоден „икс“. Речиси идентичен тек имаше и мечот меѓу Хонвед и МОЛ Фехервар за уште еден посакуван нерешен резултат (1:1).
Алтах уште во првата минута поведе против Австрија, но до крајот на средбата гостите дадоа само уште еден гол за конечни 0:2 и погодена прогноза од 0-2 гола. Ако во Австрија немаше многу погодоци, со по 3+ се типувани и погодени дуелите Жил Висенте – Фамаликао (1:3) и Ханза – Магдебург (3:1).
Најголем погоден коефициент е тој на дуелот Халехер – Манхајм во третата германска лига. Домаќините победија со убедливи 3:0 за точна прогноза од 1&2-4 (коефициент 4.35). Во Полска, Лех убедливо со 4:0 победи на свој терен и тоа беше комплетирање на седумте погодени мечеви кои на среќниот обложивач му донесоа добивка од над 3.000 евра само со 100 вложени денари.