Ја изгубија довербата во него: Солскјер станува минато во Манчестер јунајтед

Оле Гунар Солскјер по се изгледа ќе стане минато во Манчестер јунајтед.

Норвешкиот стратег, кој е под голем притисок од навивачите и бараат негова оставка, ги губи сите асови во ракавот.

Според последните информации, и раководството на овој тим ја загубило довербата кон Норвежанецот.

Причина за сето тоа е неговото заминување во родната држава, за време на репрезентативната пауза и давање неколку дневен одмор на играчите.

Останува да се види само кога ќе биде донесена и официјалната одлука.

Следниот меч, Манчестер јунајтед го игра на гости кај Ватфорд, и евентуален неуспех, и дефинитивно ќе биде „кобен“ за Солскјер.

- Оглас -

Најнови вести